ШОК ЗА МИЛЕНКО, ЈАНКО И ХЕФТАЛИЦАТА : Агенција за медиуми поради долгови ќе покрене постапка за одземање на лиценцата на Алфа ТВ, Сител 3 и ТВ Сонце

0
1579

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на утрешната седница ќе почне постапка за одземање на дозволата за работа на телевизијата Алфа, потврдија за БИРН од Агенцијата. Телевизијата за дозвола за работа треба да плати 3,5 милиони денари, а уплатила помалку од третина од сумата, односно 1 милион денари.

На истата седница ќе се почне постапката и за одземање на дозволите на ТВ Сонце, Радио Слободна Македонија и Сител 3, кои немаат платено за годишните дозволи за радиодифузна дејност. Откако ќе се почне постапката, радијата и телевизиите кои немаат платено, добиваат рок од 15 дена, а доколку не платат во тој рок, им се одзема дозволата за работа.

„Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот е должен да почне постапка за одземање на дозволата на секој радиодифузер кој нема да ја плати фактурата за радиско или телевизиско емитување во рок од 30 дена од денот на добивање на фактурата. Откако ќе се почне постапката, на радиодифузерите им се дава рок од 15 дена да ги подмират обврските“, вели директорот на АВМУ Зоран Трајчевски.

Целата сторија на следниов линк ОВДЕ.