ШОК ЗА ВМРОВЦИТЕ И РУСИТЕ : ТРАМП ГО ИСПРАТИ НА РАТИФИКАЦИЈА ВО СЕНАТОТ ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

0
1338

Трамп вели дека од членството на Северна Македонија во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и НАТО Алијансата. (Фото: АП)

Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати на ратификација во Сенатот пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, соопшти Белата куќа. Ратификацијата на протоколот ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да стане член на НАТО, додаваат од Белата куќа.

Во пишаното обраќање на Трамп до Сенатот се вели дека Северна Македонија е решителен партнер на САД во сферата на безбедноста и од нејзиното членство во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и НАТО Алијансата.

Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО беше потпишан од амбасадорите на сите земји членки на НАТО на 6 февруари 2019 година во Брисел.