ШОКАНТНО – ФОКУС открива нови ГОМНАРИИ кои ги спрема власта : Зад „Македонските анонимуси“ стои МВР, се подготвува координирана контра-кампања од страна на партиски пицајзли со снимки од телефонски раговори добиени со неовластено прислушување?

0
1258

Од загрижен член на групата „Македонски анонимуси“ кои денеска се огласија со спот и најава дека ги хакирале компјутерите на СДСМ и наводно дошле до материјали кои Зоран Заев имал намера да ги сокрие во аферата со прислушувањето, до редакцијата на Фокус пристигнало укажување со кое се посочува на злоупотреба на вработени од МВР. Групата,  под лажно име „Македонски анонимуси“, во која некои пристапиле доброволно, а дел под принуда, деновиве треба да лиферува снимки од телфонски раговори добиени со неовластено прислушување.

Сликата која ја користат со познатата маска од светски популарната мрежа на активисти и хактивисти, како што се нарекуваат, е закачена и во просториите во кои премиерот Груевски ја промовираше новата форензичка лабораторија на МВР.

gruevki-mvr

Загрижениот анонимус посочува  дека групата со партиска координација  проценила дека медиумското внимание што го привлекуваат прес конференциите на Зоран Заев кај домашната и меѓународната јавност, но и објавувањето на сериозните злоупотреби на државните функционери, може да се неутрализираат единствено преку контра –кампања од страна на „Македонски анонимуси“, или поточно од МВР. Загрижен за претстојните најави и дејствувања на оваа група, која нашиот извор ја преставува како дел од злоупотребениот државен апарат, тој укажува за дезорганизираноста и партиската послушност на луѓето кои свесно влегле во оваа очигледна противзаконска активност.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ(Фокус)