ШОКАНТНО: Трифун Костовски и турски бизнисмени ја спонзорирале книгата на советникот на Хорхе кој се фали дека го советувал да подели масовна амнестија за обвинетите од СЈО!!!

0
2209
Ја видов книгата. Тоа е голема и скапа сликовница на еден чиновник во три претседателски кабинети.Нејзиното издание чини неверојатно многу пари и како што може да се забележи од изјавите на авторот тоа биле спонзорства на претежно турски бизнисмени блиски до последниот претседател Ѓорѓе Иванов кој го постави Костадиновски за судија на Уставниот суд.
Затоа покрај мноштвото неважни информации и фотографска хронологија распослани на 1000 страници на скапа хартија и во луксузен повез стои во книгата оценката на авторот дека Иванов бил најдобриот и најспособниот претседател од сите со кои тој соработувал. Голем патриот кој дал огромен придонес за Македонија. Како негов важен советник за уставни прашања Костадинов го советувал Иванов и за амнестијата што ја даде па повлече и дури ги прашувал зошто не ги амнестира и Заев и Груевски.
Оваа огромна, скапа и непотребна приватна сликовница што ја има издадено “Култура” се продава по цена од 4.500 денари покрај сите бројни спонзори и бизнисмени од Азејберџан до Турција па до Коки Костовски што се наведени во книгата.
Освен на македонски ова “значајно дело” е печатено и на англиски јазик а посветено е на семејството на авторот.
Фејсбук статус на професор Ѓорѓи Спасов.