ШОКАНТНО : ТЕЛЕВИЗИЈА 24 ПРОДОЛЖУВА СО СЕРИЈАЛОТ НА РЕЛИГИОЗНАТА СЕКТА ,,СКИЕНТОЛОГИЈА” КОЈА Е МАСКИРАНА КАКО ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЛИШТЕ КОЈА Е ЗАБРАНЕТА ВО ГЕРМАНИЈА И САД КАКО ШТЕТНА СЕКТА И Е НОН СТОП ТАРГЕТ НА НОВИНАРСКИ ИСТРАГИ ЗА БИЗАРНИ СКАНДАЛИ И АФЕРИ!

0
3827

Телевизија 24 продолжува со ,,Скиентологијата” јавно во етерот со некој си лажен доктор Жарко Костиќ кој држи лекции за живот, љубов, енергија, психологија итн итн а всушност цело време ја шитка книгата ДИЈАНЕТИКА напишана од Л Рон хабард и која е библија на сектата СКИЕНТОЛОГИЈА, која е забранета во Германија како штетна секта која ги злоупотребува своите верници со тоа што ги манипулира и ги краде!

Истиот Л Рон Хабард е основач на Скиентологијата, тој ја создал затоа што барал начин како да се збогати, и Скиентологијата го направила милионер!

Еве ја будалетинката Л Рон Хабард, погледнете го овој фрик чии книги сега се продаваат како најголема тајна на животот и универзумот!

Погледнете како се продава книгата Дијанетика и многу други книги напишани од основачот на Скиентологија, Л Рон Хабард, инаку тежок шизофреник, измамник, и писател на научна фантастика кој бил избркан од Велика Британија на средината на 20-ти век па своите верници ги качил на брод и ги шетал низ светот за да се закотви во Калифорнија каде сега е седиштето на Скиентологија.

Инаку серијалот емисии на телевизија 24 се умно маскирани како психолошки тв советувалишта на некакво здружение на граѓани ПОМАГАМ, но тоа е всушност само вешт обид да се скрие Скиентологијата зад сето тоа затоа што сакаат да се измамат читателите дека ги советува некаков доктор а не обичен преварант кој шитка книги напишани од обичен шарлатан кој проповеда религиска секта според која луѓето се настанати од вонземјани и дека бог на целиот универзум е богот ЗУЛУ?!?!

Инаку Скиентологијата е многу бизарна секта која во САД е нон стоп обвиена со скандали, во моментов најактуелен е случајот со Леа Ремини, глумица од САД која има свое шоу посветено на бизарностите и лудостите кои се случуваат во Скиентолошката Црква, а таа добро ги знае затоа што израснала од дете во таа црква се додека не успеала да избега од нејзините канџи.

Еве го славниот документарец на ББЦ за Скиентологијата: