НОВО ШОКАНТНО СВЕДОШТВО НА СВЕДОК ОД КОЛЕЖОТ НА 27-МИ АПРИЛ : СИТЕ ПРВО ОБВИНЕТИ ЛУЃЕ НА НИНЏА КОИ ВОЕДНО БЕА КООРДИНИРАНИ И ОД ЧАВКОВ БЕА ВООРУЖЕНИ СО ПИШТОЛИ И ИМАА ЗАДАЧА ДА ГИ УБИЈААТ ЗАЕВ И СЕЛА!!!

0
2768

„После настаните во Собранието, групата која упадна, а која сега е на обвинителна клупа во предметот „27 април“, имаше средба и со Митко Чафков, поранешен директор на БЈБ. Тие му беа лути него, затоа што тој беше човекот кој нив директно ги организираше за настаните во Собранието. Исто така му беа лути и на Никола Груевски затоа што тој е директниот организитор на настаните, а Митко Чафков работеше под директива на Груевски. Беа лути на Груевски затоа што уште ноќта кога излезе на телевизија се огради од сите нив кои влегоа внатре во Собранието, а како што кажав, сето тоа беше организирани и оркестрирано од Груевски“.

Ова е дел од сведочењето на заштитениот сведок означен како С1 кој ќе се појави во судската постапка за 27 април, за насилниот упад во Собранието, предложен од обвинителството.

Сведокот дава детали за упадот во Собранието и за тоа дека неколку обвинети имале оружје кога влегле во Собранието.

-На 27 април 2017 година Јане Ченто е во комуникација со Нинџа на Вибер. Јане го прашал каква е ситуацијата во Скопје. Нинџа му одговорил: „лоша“. Јане, дента околу 16 часот со возило на неговата мајка тргна кон Скопје. Од неговата група веќе беа дојдени и се сретнаа во кафич во ГТЦ. Подоцна се сретнаа со Нинџа во Дион. Знам дека секој посебно тргнаа кон Собрание. Нинџа со групата и Димче Христовски Жабата први влегоа. Јане потоа телефонски го бараше Жабата, бидејќи тој се изгуби во Собранието. Да напоменам дека Јане Ченто, Игор Југ и Жабата имаа пиштоли кога влегоа во Собрание. Во еден момент Игор и Жабата ги извадија пиштолите, а Јане не го извади пиштолот. Имаа намера да го убијат Зоран Заев, Дамјан Манчевски и Зијадин Села. Знам дека Јане со нешто црно го удри, предмет, удри по Заев, но беше погоден Манчевски како колатерална штета. Намерата им беше да се пресметаат со Заев и Села“ – раскажува сведокот во претходна постапка, кој поради опасноста по неговата безбедност ќе биде заштитен и ќе сведочи како С1.

Целото сведоштво ќе може да прочитате на порталот Сведок ОВДЕ