ШОКАНТНО, РЕЖИМОТ УПОРЕН ДА ГО КЛЕКНЕ НА КОЛЕНА АНДРЕЈА ЈОСИФОВСКИ : Замрзната сметката на Макпетрол, на ред е запечатувње на маркетите и бензиските пумпи и апсење на целиот менаџмент!

0
1506

upravna-zgrada-g

Надлежните институции ја замрзнаа сметката на Макпетрол, потврдија за 24 Вести од компанијата. Во меѓувреме од скопското обвинителство соопштија дека е оформен предмет за случајот Макпетрол, но други детали не соопштуваат. Нема информации дали се повикани на испрашување лица против кои се поднесени кривични пријави.
makpetrol_benzinska1-540x325
Случајот со Макпетрол предизвика лавина од реакции во јавноста. Домашната експертска јавност прашува зошто институциите чекале толку долго и дури сега е поднесена кривична пријава кога случајот се однесува на дејствија од 2006 -2007 година.
Дел од аналитичарите кривичната пријава против Јосифовски ја толкуваат и како притисок врз Телма Телевизија, чиј сопственик е Макпетрол..
МВР вчера поднесе кривични пријави против 21 лице, меѓу кои и за претседателот на УО на нафтената компанија, Андреа Јосифовски, членови на управниот и надзорниот одбор, лица од централниот депозитар за хартии од вредност и од комисијата за хартии од вредност.
Полицијата ги сомничи дека учествувале во незаконско прелевање на капитал од АД Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко.
Искористувајќи ја службената положба, според МВР, осомничените им нанеле штета на акционерите од 6 милиони евра. Од Макпетрол категорично демантираат дека без каква било одлука на собранието на акционери се преземени активности за вложување во Оилко.
„Макпетрол е изненаден од каде потребата против нашата компанија да биде поведена постапка, која наликува на тенденциозна хајка, базирана на паушални и неосновани обвинувања. Ова се случува по цели 9 години откако собранието на акционери донесе одлука за вложување во компанија, која би гарантирала квалитетна и навремена дистрибуција на нафта и нафтени деривати.“ – се вели во соопштението на „Макпетрол“.
Владата и Макпетрол редовно се во судир и поради компанијата за пренос на природен гас „Гама“. Имено, во „Гама“ по 50 отсто имаат удел државата и Макпетрол. Спорот меѓу државата и нафтената компанија е стар повеќе од една деценија и се уште нема разрешница.