ШОКАНТНО, ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВСКА ДЕТОНИРА НУКЛЕАРКА: КУЌНАТА ПРИЈАТЕЛКА НА КАМЧЕВИ, ДОБРИЛА КАЦАРСКА ЛОБИРАЛА ЗА ИМПЕРИЈА!!!

0
988

– Камчеви ми се блиски куќни пријатели 30 години, Добрила Кацарска, Алсат М

Осомничениот во „Империја“ Орце Камчев од денот на отворање на истрагата и претресот во неговите фирми, постојано праќаше разни емисари: судии, обвинители, политичари и бизнисмени, сведочи денеска во Кривичниот суд обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Рекет“, кој е во врска со „Империја“, истрага која таа ја води.

Во моментот кога сакаше Стефанова да каже кој судија се интересирал за истрагата против Камчев, судијката Васка Николовска Масевска ѝ кажа дека не е за тоа прашана.

„Си ја штитиме фелата, така судија?“ ја праша Стефанова.

Тогаш стана адвокатот на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 и ја праша:

„Дали судијата е од Одделот за организиран криминал?“, праша адвокатот Дуковски.

„Да. Тоа е судијата Добрила Кацарска. Таа не се јави кај мене, туку кај друг колега. Но беше присутна тука во судот цела вечер кога се одлучуваше за мерката притвор на Орце Камчев. Беше присутна од рано утро, до другото утро следниот ден“, одговори Стефанова.