ШОКАНТНО, МИЛЕНКО И КУРИР ДОБИЈА ПОЈАЧАЊЕ: Горан Михајловски, еден од најценетите македонски новинарски легенди застана отворено против законот за јазици, се секирал дека Албанците ќе заборават да зборат Македонски…

0
1621

Славни либерални прогресивни новинари и уредници во клучни моменти не успеаја да се кренат над ЌОСЕТО во себе и не издржаа без да шират популизам, ефтин патриотизам, паника и солење памет.

За тоа најталентиран е Горан Михајловски кој со својот цинизам се нешто наоѓа влакно во јајцето, но овој пат за законот за јазици се лизна на кора од банана.

Во својата колумна вели дека сите Албанци и Македонци сакале да бидат еднакви, па затоа Албанците требало на сила да учат Македонски за да не заборават да го зборат јазикот?!

Да сме биле еднакви но сепак Албанците да не смеат да го користат мајичниот јазик во администрација, затоа што истото не им било дозволено во Швајцарија каде обожавале да живеат?!

Многу националистичка плитка простачка колумна на големиот и славен уредник.

Еве извадок:

Вицепремиерот Бујар Османи, бранејќи го Законот за употреба на јазиците, рече: „Не можете да имате лојални граѓани ако не ја разбираат државата“. Ама не можете да имате ни држава ако државата прави сѐ за граѓаните да не ја разбираат. И не само тоа. Туку државата прави сѐ за граѓаните да не се разбираат меѓу себе.

Не е проблем дали секој си збори на свој јазик. Проблем е дали се разбираме што збориме. И конечно – дали зборувајќи на јазици на кои не се разбираме ќе имаме подобар живот во нашата држава.

Што е заеднички интерес на граѓаните на Република Македонија?

Заеднички интерес е да можеме да живееме убаво, сите да работиме и чесно да си ги заработуваме платите, и сите еднакво да плаќаме даноци, а и казни кога ќе нѐ фати пајакот. Заеднички интерес е да нема привилегирани поединци и заедници.

Во заложбите за држава каква што сакаат граѓаните, ДУИ не го покажа овој интерес. Не покажа дека се бори против привилегирани поединци и заедници. Особено не против привилегирани поединци.

За каква интеграција збориме со вакво разбирање на државата и услов за лојалност кон неа? За неколку години, во Македонија ниту Албанците ќе знаат македонски, ниту Македонците ќе знаат албански. И не знам што е тука европски пристап. И што е европско во ваквото сфаќање на државата. Освен сознанието дека Албанците кога одат да работат во Европа ќе научат и шведски, и германски и холандски јазик. Ама со македонски пасош нема да го знаат македонскиот јазик. Оти, очигледно не им ни треба.

Линк до целата колумна ОВДЕ.