Во моментот додека во Универзалната сала, СДСМ ја објавува осмата бомба, од МВР во исто време одржаа прес-конференција на која соопштија дека лидерот на опозицијатаЗоран Заев е осомничен за примање поткуп од 200.000 евра.
Според информациите кои ги објави портапролот Иво Котевски, Заев се сомничи дека од лице барал по 2 евра за метар квадартен за да приватизира градежни земјиште. Станува збор за земјиште од 100.000 метри квадратни што значи дека Заев побарал мито од 200.000 евра. Половина барал да му бидат дадени нему, а половина за изградба на црвка во Струмица. МВР вели дека Заев се сомничи за примање поткуп.