ШОКАНТНИ ИЗЈАВИ ВО СУД ЗА КОЛЕЖОТ ВО СОБРАНИЕ НА 27-МИ АПРИЛ : Екс директорот на УБК, Атанасовски побарал кај Шилегов и Шеќеринска дома да се фрлат бомба!!!

0
1395

„За време на предизборната кампања во 2016 година, од Нинџа добивавме наредба да бидеме втор обрач обезбедување на Никола Груевски. Одевме секаде на митинзи со Груевски. Нинџа ме имаше задолжено со пиштол од 2015 година, но никогаш не сум го употребил“, рече Симовски.

И тој, како и браќата Младеновски, зборуваше за контактите со тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски, со избеганиот Никола Бошковски-Прскач, со Дејан Димковски-Боксер од Петтата управа и други. Зборуваше и тој за насоките од Нинџа да се фрлаат молотови коктели кон ДИК за време на протестите  на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, но за среќа, рече, не дошло до тоа.

„По 27 април, Владимир Атанасовски побара да се фрлат бомби во домовите на Петре Шилегов и на Радмила Шеќеринска, но и да му го запалиме автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Јас им кажав дека кај Рада и кај Шилегов нема никој дома. Планот не се реализираше“, сведочеше Симовски.

Извор СДК