ШОКАНТНА КОЛУМНА НА ГЕРО: На Ѕинго треба да му се прости за сите злодела ако им даде отказ на Латас и Ивона?!

0
2341

Во обид да го брани тоа што тој на Плусинфо ја рекламира Канал 5 а сака да се прави многу паметен и да го напаѓа СДСМ за тоа што се рекламирал на Сител, Геро прави нова глупост во најновата колумна, вели дека на Ѕинго ќе му се простело се ако им даде отказ на Латас и Ивона?!?!

Еве мал извадок од неговата колумна:

“За разлика од Сител, раководството на Канал 5, на пример, уште пред изборите повлече серија потези во насока на подобрување на својата исто така оштетена репутација.

Да не заборавиме, менаџментот ги раскина договорите со две приватни продукции, за популарни емисии кои ѝ нанесуваа многу сериозни штети на телевизијата.

Не навлегувајќи во мотивите за таквото шифтување, потезите на раководството на Канал 5 ги оценувам како класичен пример на менаџирање на репутациски ризик, менаџирање кое дава резултати.

Во случајот на Сител (како и во случаите на Алфа, ТВ Нова и некои други медиуми), ние такви потези не видовме.”

Брееј, значи тоа што Стојменов и Ѕинго земаат околу 100 милиона евра за 10 години режимска пропаганда треба да им се прости само ако ја сменат уредувачката политика?!?!

За разлика од ова мрсомудење на Геро, ставот на Мактел е дека треба да се одземат двете лиценци и на Канал 5 и Сител затоа што докажаа дека немаат сенс и одговорност за таква одговорна работа како што е телевизија со национална концесија. Овие копилиња олигархиски режимски за пари беа спремни да ја уништат земјата заедно со паторот!!!

Но за разлика од Геро, ние не се продаваме на еден од газдите а во исто време фрламе со дрва и камења по телевизијата која не се рекламира на нашиот портал, тоа е смешно и моронски!

Тезата на Геро дека ако сменат уредувачка политика и дадат откази на пар луѓе, Сител и Канал 5 како брендови ќе се ревитализираат е нешто идиотско, тие брендови ќе останат вечни КУРТОН МЕДИУМИ, се што можат да направат Стојменови и Иванови е да ги продадат телевизиите и да ги подарат парите на хуманитарни организации и додека се живи да се извинуваат за сите злодела, а и да одат во затвор за криминалите кои ги имаат направено!!!

Извор : Мактел.Мк