ШОКАНТНА КОЛУМНА НА БОКИ БУРГИЈА НА ГЕРОИНФО: Заев и раководството на СДСМ да ги напуштат протестите на шарената револуција?!

0
2188

Кравата Геровка продолжува да прави штета во селото. Цел ден фрчат клевети, напади па и закани за тужби од Геро кон истакнати опозиционери.

Сега на ред дојде и раководството на СДСМ кое во колумна на големиот Бранковист, Боки Бургија доби порака дека не смеат да преговараат со Грујо  во спротивно ич да не идат на протестите на шарената револуција. Еве мал извадок од колумната нa Боки Бургија на Плусинфо:

Во Македонија, сите слободомислечки, и политичар(к)и, и дипломати, и „булдожери“, мора да почнат да размислуваат и да ги бараат решенијата онака како што ги бараат Шарените, а ги заслужуваат сите белосветски апаши. Да си поддржувач на шарените, а истовремено си политичар кој бара политички модус на разрешување на кризава, треба веднаш да ги напуштиш нивните редови. Шарените не се создадени како раса попрскана од Гоцевата тераса, за да кој било со нив продолжи да манипулира, да се заебава…

Ова е само уште еден обид да се злоупотреби Шарената Револуција против СДСМ. Прво тоа се обидоа Левица и Солидарност кои се обидоа Шарената Револцуија да ја престават како бунт против ДПМНЕ и СДСМ?! Сега Боки Бургија се обидува да му ги врзе рацете на Заев да не може да преговара за политички да ја реши кризата со што се обидува да се закрви и радикализира ситуацијата што донекаде му одговара на режимот затоа што само со немири, конфликт и војна режимот ќе може во тоа матното да се спаси и да кидне па дури и да се престават како спасители на државата и народот!

Наместо масовните протести да му бидат на Заев ветар во грб за на зелената маса извади што поповолен резултат, дилетантите и кравата Геровка се обидуваат протестите да ги направат тег околу нозете на СДСМ за да му ги врзат рацете и нозете на Заев и да му го намалат политичкиот маневарски простор за надигрување на режимот кој веќе е во длабока шах мат ситуација со тоа што е сам на избирачкото ливче на избори кои се претворија во циркус и потсмев за цела земја и цел свет!

13254130_278064902526851_1482408551110180875_n

Извор : Мактел