ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ПРАТЕНИЧКАТА ОД СДСМ КОЈА СЕ ОМРСИ 11.000 ЕВРА ОД ПАТНИ ТРОШОЦИ КОЈА ВЕЛИ ДЕКА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА АКЦИЗАТА НЕ ВЛИЈАЕ НА СИРОМАШНИТЕ ОТИ НЕМААТ АВТОМОБИЛИ

0
1508

Мира Стојчевска од СДСМ е рекордерка меѓу пратеничките од овој состав на Собранието по наплатената сума за патни трошоци. (Фото: принтскрин/Собраниски канал)

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет кажа дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не поседуваат автомобили.

Комисијата вчера расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се укине покачувањето на акцизата на дизелот од три денари, кое стапи на сила на 1 јануари. Мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет го одби предлогот на опозицијата, а образложението за неприфаќање на предлогот го даде Стојчевска, која минатата година зеде 11.736 евра за патни трошоци.

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, кажа пратеничката на СДСМ од Делчево.

Извор : СДК