ШОКАНТЕН ЛУД НЕНОРМАЛЕН СКАНДАЛОЗЕН ПОТЕГ НА ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ: Ќе воведуваат ЦЕНЗУРА, бараат со закон да се забрани објавувањето на „бомбите, кретените бараат медиумите да ги избришат и веќе објавените?!

0
979

talatdzaferi_1

Владејачките ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат закон со кој ќе се забрани да се објавуваат материјалите од прислушуваните разговори. Ова на прес-конференција во Собранието го кажа Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ДУИ, јавува Мета.

Како што рече Џафери, ако се донесе законот, сите што ќе го прекршат, ќе добијат кривични пријави.

Овој закон ќе важи и за медиумите, што значи дека нема да смеат да се реобјавуваат „бомбите“ и дека сите медиуми што ги имаат објавено разговорите, ќе треба да ги симнат од своите интернет-страници.

Законот ќе се носи по итна постапка, а ќе стапи на сила штом ќе биде објавен во Службен весник. Џафери рече дека консензус за овој закон има од сите партии, но од СДСМ го негираат тоа.