Шилегов : Сите судии да се повикаат на заклетвата кога биле именувани!

0
1299

Овој процес кој што започна во нашата држава, не е и не може да биде борба на поединци со поединци.

Не е и не може да биде борба помеѓу две политички партии.

petre

Овој процес мора да биде борба на сите граѓани против самоволието на некокумина забегани лица од власта.

Затоа во овој процес безрезервно и без тронка страв дека нешто ќе им се случи, треба да се влкучат и сите членови на ВМРО ДПМНЕ, кои сакаат да ја ослободат својата партија од спрегите на неколкумина.

Сите новинари кои својата егзистенција ја обезбедуваат во провладините медиуми, а сакаат конечно да се ослободат од секојдневната цензура и мобинг од своите уредници.

Сите државни службеници (без оглед кој ги вработил) кои што сакаат чесно и законито да си ја вршат својата работа, а не да одработуваат туѓи агенди.

Сите судии и јавни обвинители, на кои што им значи заклетвата што ја дале кога биле именувани.

Секој студент без оглед на сместувањето во студентскиот дом, секој пејач, без оглед на моменталниот ангажман, секој глумец без оглед дали ќе му дадат хонорарно да одработи тезга повеќе, секој банкар, бизнисмен, работник, домаќинка … секој еден човек без оглед на својата професија, затоа што ова не е обична борба, ова е борба за слободна и демократска Македонија.

Превземено од фејсбук зидот на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов