Шилегов: Остануваме пред Владата

0
998

И кога ќе се расчисти метежот, остануваме тука – изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, за „Мета“.

Vlada-protest-sdsm

Тој додаде дека наскоро ќе се постават бини и сцени.

Заврши официјалниот дел од протестот кој се одржа пред Владата, а го организираа граѓанските организации и опозициските партии.

Неофицијална бројка на граѓани што присуствуваа на протестот е околу 20.000.

На протестот говореа политичари, активисти и уметници.

Сите тие порачаа дека за државата да тргне напред, Никола Груевски мора да си замине. Побараа оставка од Владата и од премиерот, му порачаа дека народот повеќе не му верува.

На протестот пред Владата настапуваа „Белизе бенд“ и групата составена од новинари, „Репортерс“.