Шилегов: Изјавата на Aхмети го потврдува стравот од СДСМ

0
1237

Изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го потврдува стравот што оваа партија и нејзиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ го имаат од „Планот за живот во Македонија“ што СДСМ го нуди на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, зошто една од нашите цели е да изградиме едно општество без поделби ниту по етничка ниту по политичка линија, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– После сè што го направија Ахмети и ДУИ во изминативе години заедно со својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, јасно е дека ниту ДУИ, ниту Ахмети немаат што да бараат од кој било граѓанин во Македонија – вели Шилегов.

Али Ахмети порача дека СДСМ нема право да ги бара гласовите на Албанците и дека со своите активности доцни 15 години.