Шилегов: Груевски, не бегај од темата

0
1192

silegovP1 (1)

По зачестените најави на премиерот дека тој е подготвен за избори во секое време кога ќе посака опозицијата, реагираше порптаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој му укажува да не бега од темата-техничка влада.

„Бидејќи почна да си ги билда мускулите со избори, за Груевски и компанија една кратка порака: Не бегајте од темата. На Македонија не и требаат брзи, туку фер избори. Поднеси си оставка, да си се формира техничка влада која ќе организира избори и тоа е. Во меѓувреме ќе си сносите и правна одговорност за (зло)делата. Или тука те боли ? А ? Се’ друго е прчење како петел на буниште“, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.