Шилегов: Вистината за каповците околу нас

0
1042

Историјата, почитувани, не учи, дека во концентрациските логори, во злосторствата кон логорашите, предначеле каповците.

Капо (за оние кои не знаат) е исто така логораш. Истиот, заради тешките услови за „живот“ кои ги имало во логорите, одлучил да ги предаде своите другари, сонародници, соборци. Со цел за да себе обезбеди подобри услови за живот и определени привилегии.

Со цел да ги зачуваат тие свои привилегии и бенифиции, каповците најчесто предначеле во суровиот третман кон логорашите. Сè со цел да го воодушеват вождот (командирот на логорот, нацистите), за тоа како треба да се третираат „омрзнатите“ и да докажат дека они всушност и повеќе од сите ги мразат своите поранешни другари. И мачеле и убивале. Дури и кога било јасно дека војната е загубена. За да не ги остават заборавени газдите.

Така и кај нас. Во омразата кон неистомислениците на вождот, предначат токму оние кои своевремено беа „соборци“ против режимот (не само од СДСМ). И си добија: партии, пратенички места, медиуми, портали …

И од таму, секојдневно ја покажуваат својата омраза кон поранешните свои. И мразат и лажат. Повеќе од просечен ДПМНЕ-овец. За да докажат на вождот дека ја заслужиле привилегијата што им е дадена. Да ја задржат ден повеќе. Како е извесен крајот на вождот, сè повеќе се поинтензивни.

Исто како каповците.
Фејсбук статус на Петре Шилегов