Шеќеринска: Спрени сме за преговори, но само за заминувањето на власта во историјата

0
1014

Системот на власта полека но сигурно е во фаза на распаѓање. Недовербата е голема внатре. Меѓутоа, не смееме да ги потценуваме бидејќи покажаа дека се способни да направат многу злодела. Ова го вели заменик-претседателката на опозицискиот СДСМ, Радмила Шеќеринска, во интервју за бугарската телевизија БТВ.

– Најголемиот удар врз власта е што сите овие податоци коишто тие ги користеле против нас, против граѓаните на Македонија, сега се свртеа против нив. И тоа е проблемот со сите автократски раководители. Тие мислат дека, ако ги држат сите информации, ги држат сите полуги, дека вечно ќе владеат. Тоа е невозможно! – вели Шеќеринска.

Таа додаде дека социјалдемократите се спремни за преговори, но само за начинот за заминување на актуелната влада во историјата.