Шефот на кабинетот на Зијадин Села исфрлен од прес-конференцијата на Струшките вечери на поезијата

0
996

Инцидент се случил денеска на прес-конференцијата на Струшките вечери на поезијата кога Беќим Ќоку, шеф на кабинетот на градоначалникот Села, како што сведочи тој за Алсат-М, бил исфрлен од обезбедувањето во салата кога почнал да ѝ поставува прашања на добитничката на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, поетесата од Канада, Маргарет Атвуд.

Тој тврди дека откако се претставил дека доаѓа од општина Струга му било речено дека прес-конференцијата е наменета само за новинари.

„Сакав да и честитам на Атвуд за наградата а и да ја прашам, како може да се градат мостови со еден јазик што е 6.000 километри далеку од овде, а не можат да градат мостови меѓу јазици на кои се говори во една држава. Другото прашање беше дали таа е запознаена со нашиот политички проблем и дали е запознаена дека овде не се почитува Уставот и употреба на албанскиот јазик. Но, на овие прашања јас не добив одговор“, рече Беќим Ќоку-општина Струга.

Алсат-М се обиде да добие став од директорот на фестивалот Мите Стефоски, но тој не одговараше на телефонските повици. Претседателот на Управниот одбор, Славе Ѓорго Димовски рече дека тој се претставил како новинар.

„Тој се претстави како новинар и не покажа акредитација. Му беше побарана акредитација за да се утврди од кој медиум доаѓа. Станува збор за намера да се постават прашања надвор од темата на пресот, кој беше посветен на творештвото на Маргарет Атвуд и нејзиното доаѓање во Македонија. Почна да зборува нешто на англиски јазик. Бидејки поставуваше прашање надвор од она што беше темата на пресот беше замолен да излезе од салата бидејки имаше цел да го растури пресот“.

Општина Струга и годинава по четврти пат годинава го бојкотираше фестивалот, поради игнорирањето на албанскиот јазик од страна на раководството на поетската манифестација.