Шекеринска од трибината „На прав пат“: Скопје веќе не е темен вилает, Скопје е слободен град кој им припаѓа на граѓаните!

0
1069

Скопје повторно се отвори. Не е веќе мрачен вилает на поранешниот режим кој бркаше студенти низ библиотеки за да ги апси. Во кој веќе не доаѓаше ниту еден висок странски политичар бидејќи власта беше скарана со цел свет, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на трибината „На прав пат“

Нашиот град  го посетија , за само две години,  генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Туск, Ангела Меркел, Тереза Меј, десетици премиери, МНР и МО на најмоќните и најпросперитетните. Тие дојдоа да му дадат поддршка на нашиот народ, на нашето Скопје!-рече Шекеринска.

Скопје не е веќе град на стравот. Не е веќе град експеримент на мала група луѓе. Денес Скопје е слободно! Скопје е град на своите граѓани, на музиката и уметноста, на слободата и критиката, Скопје е град на слободни луѓе, порача Шекеринска.