Шекеринска: Не должиме никому, ќе ги објавиме и „бомбите“ за ДУИ

0
1462

По објавувањето на првата „бомба” за прислушкување на повеќе од 20.000 луѓе, меѓу нив и на лидерите на албанските партии, порталот Алмакос објави информација дека на наредните две прес конференции, лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе објави и „бомби” за ДУИ.

radmila-sekerinska

Според извори на Алмакос „бомбите” за ДУИ ќе бидат за инволвираност на нејзините претставници во криминал и корупција.

Албански интелектуалци, меѓу кои и Зеколи, Рамадани, Хајдари излегоа со став дека „бомбата” не треба да ја поштеди ни ДУИ.

Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ во изјава за Алмакос изјави дека никој нема да биде поштеден.

„Немаме долг кон никого, а уште помалку кон ДУИ. Да немаат дилема албанските интелектуалци, сè ќе се објави”, рече Радмила Шекеринска за Алмакос.