Шекеринска: На Конгрес ќе одлучуваме каков тип на коалиција ќе правиме

0
1082

Законите во Македонија треба да се почитуваат и ние ќе поддржиме решенија кои значат почитување на изборниот закон, меѓутоа сета оваа мешаница која е направена во кујните во ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, целосно координирано, за да прави пречки за одржување на изборите и да отвора можности за нивно бегање од избори, покажува колкава грешка направија трите други политички партии кога не го поддржаа предлогот Македонија да биде една изборна единица, изјави денеска заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

– Уште минатата година го дававме тој предлог, се боревме за таков предлог, заради тоа што сметаме дека со една изборна единица секој глас ќе вреди подеднакво, сите граѓани ќе знаат дека нивниот глас подеднакво се вреднува, а сите политички партии ќе знаат дека има една иста шанса за успех. Жалиме што ја испуштивме таа шанса и сметаме дека веднаш по промените во декември, тоа ќе биде еден од чекорите што ќе го предложиме во Собрание. Македонија да ја направиме една изборна единица, граѓаните да знаат дека нивниот глас вреди подеднакво, а политичката криза, политичките конфликти да се намалат и да се доведат во некаква нормала. Во овој момент се уште во македонското собрание и покрај различните коментари, нема никаков предлог, и тоа само покажува дека темата се злоупотребува од ВМРО ДПМНЕ и од ДУИ во една координирана акција во кој едните ќе глумат дека тоа прашање не ги засега, а другите ќе глумат дека сакаат избори ама ќе бараат како тие избори да ги нема – рече таа.

Запрашана дали и се познати носителите на листи на СДСМ и дали партијата се подготвува за избори таа рече:

– За разлика од некои други партии, особено од овие владејачките, кои листите ги прават навистина во затворен круг и од страна на нивните извршни органи на не повеќе од 10 или 15 луѓе, во СДСМ, одлуките и за носители, и за дел кандидати на листите се носат од страна на конгресот, и тој конгрес, не овој сега што го најавуваме којшто ќе се концентрира на програмските определби, на приоритетите на опозицијата, на коалицијата која што ќе ја собереме и големиот фронт којшто ќе се создаде… тој конгрес ќе биде потоа, но само тој конгрес има шанса, има сила, и има мандат да одлучува за тие прашања.

Во однос на тоа дали лица од Шарената револуција ќе бидат на пратеничките листи, Шекеринска појасни:

– Ние дури на Конгресот коишто ќе биде за неколку недели ќе одлучуваме каков тип на коалиција ќе правиме. Сметаме дека во овој момент граѓаните се изморени од бесконечни кавги и политички конфликти. Сакаат да видат луѓе којшто знаат да создаваат, не само кооалиции, знаат да создаваат партнерства, сојузници, и да градиме заедничка иднина. Затоа, нашиот предлог до Конгресот ќе биде, да не создаваме обични партиски кооалиции, туку да создаваме навистина широк фронт, којшто ќе каже не на досегашното осиромашување, изолација и страв којшто владее во Македонија.

Запрашана дали освен албанскиот јазик, што друго ќе предвидете во вашата програма за едно граѓанско општество, таа изјави:

– Ние во нашата програма ја испраќаме следната порака, дека нема да дозволиме веќе истите луѓе, и истите политики, којшто се политики на страв и поделби да ни го диктираат животот. Она што ни се случува во изминативе неколку дена покажува како ВМРО ДПМНЕ и ДУИ сакаат да владеат. Божем се караат, а одлично зад сцена кооалицираат за бизнис и за партиски интереси. Затоа и оваа лажна приказна дека сега проблемот бил јазикот. Не е точно. Граѓаните на Република Македонија ни велат, доста ни е од политика, доста ни е од вештачки создавани политчки кризи за едно, дурго, или трето етничко прашање, сите ние сме граѓани на оваа земја, сакаме да имаме работа, сакаме да имаме пристоен живот, сакаме да имаме добра плата, сакаме да имаме подобро образование и здраство, и тоа се темите на којшто се концентрира програмата на СДСМ. Се останато се курирски шпекулации и обид да не вратат во минатото, во политката на кавги на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.