Шекеринска во „Лица“: ВМРО ДПМНЕ се кае за 27-ми април затоа што не успеаја во намерата да не отепаат!

0
1085

Министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска вели дека политиката добила цена околу 2008 година, кога првпат видела како владејачка структура управува со страв, за разлика од турбулентните 90-ти, кои се покажале како многу побезбедни во политичката професија. Не била подготвена, како што објаснува, на тоа дека таа цена наместо таа, може да изберат да ја плати некој нејзин близок.

-Јас сум одлучила да се конфронтирам со една антидемократска власт. Јас сум одлучила да поставам прашање за парите и бизнис интересите на Сашо Мијалков. Дел од луѓето што ми честитаа за поставеното пратеничко прашање го направија тоа со блага доза на сочувство, се потсетува Шекеринска за обидите на тогашната власт, да не се осмели да ја однесе во затвор неа, туку да ја казнат затворајќи го нејзиниот сопруг.

Дека во политиката се користат дозволени и недозволени инструменти потврдиле настаните во Собранието, 24 декември или исфрлањето на пратеничата група на СДСМ од собраниската сала и 27 април со упадот во Собранието. Како што вели, се навикнувавме на полошо и полошо – тоа што во 2012 стана реалност, во 2017 стана полошо, затоа што никој не ја платил цената за таквото неодговорно и криминално однесување.

-Не можам да замислам дека некои партии и луѓе сѐ уште не се каат за тоа. Гледам некое каење дека не успеале до крај да ја завршат работата, не успеале да нѐ осуетат, да нѐ убијат. Тоа беа два мрачни дена, не само за нас внатре, туку за целата држава. Колку малку треба за да ја бутнете државата во војна, се потсетува Шекеринска.

Вели дека насилството и го разбудило инстинктот веќе да не се откаже и да продолжи да се бори за демократијата. Сепак, по смената на власта следеше амнестијата, за којашто нејзината партија беше жестоко критикувана во јавноста.

-Како што ветивме, ниту еден од починителите на директно насилство и од организаторите не беше амнестиран. Законот ги опфати сите кои учествуваа, но не беа директни починители на насилство или организатори, но би ве излажала ако кажам дека и тоа беше лесно, вели Шекеринска.

Додава дека како жртви, нападнатите пратеници требало да покажат гест заради поправање на поделената држава и какво-такво помирување.