ШАЈКА НЕ БЕШЕ УДРЕНА ВО РЕГИОНОТ, А СЕГА ЌЕ СЕ РЕХАБИЛИТИРААТ 140 КИЛОМЕТРИ ПАТ, РЕЧЕ СУГАРЕСКИ

0
1161

Во изминатите 15 години шајка не беше удрена во овој регион, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а сега се рехабилитираат најзначајните патни правци во Битолскиот Регион. Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалничката Наташа Петровска направија увид врз асфалтирањето на патот од Битола за Демир –Хисар.

„Овие се првите 10 километри на патот од Битола до Кичево, кои се рехабилитирани, продолжуваме и понатаму, со неговото завршување со средства од ЕБОР од септември стартува 16 километри до Демир Хисар и касно наесен ќе отпочне, а пролетта со голем интензитет ќе се зaврши патот до Кичево.Комплетно од Битола до Кичево целиот пат ќе биде рехабилитиран со врвен квалитет. Овој пат ќе биде завршен в година до крајот на пролетта“, рече Китанов.

64654773 342713160013688 3406101742255865856 n

За рехабилитацијата на патниот правец Битола – Кичево ќе се обезбедат 9 милиони евра преку ЕБОР и Светска банка.

Битолчани и до Прилеп ќе патуваат по перасфалтиран пат. За еден месец почнува рехабилитација на стариот пат Прилеп-Битола, а од наесен ќе има тендер за автопат.

„За месец дена патот Прилеп-Тополчани- Битола 10 до 15 километри во вредност 1,6 милиони евра од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта ќе започне да се рехабилитира. Воедно, ќе се прави и изработка на проектна документација за автопат Прилеп- Битола вреден 7 милиони евра средства исто преку Јавното претпријатие, паланирана јавна набавка во септември годинава и изградба“, рече Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Ќе се рехабилитирата и стариот пат од Битола за грчка граница од 13 километри во вредност од 2,5 милиони евра, средства од ЕБОР. Според Китанов тендерот ќе биде објавен есенва, а интензивно ќе се гради на пролет. Напоредно со тоа до в година ова време треба да биде готов и проектот за изградба на експресен пат со обиколница за Меџитлија. Сите зафати во километража ќе бидат околу 140 до 150 километри рехабилитација на постоечките патишта во Битолскиот Регион.