Шахпаска : Со ребалансот обезбедуваме дополнителни 193 милиони за лекови за ретки болести

0
868

Со овој ребаланс се алоцираат средствата за пораст на платите, нови вработувања, за поквалитетен систем за здравствена заштита, инфраструктура и редовни трансфери како во социјалата и пензиите. Намалувања постојат кај одредени капитални расходи и буџетски корисници заради забавена динамика на реализација посебно кредитирани од странски кредитни линии. –истакна Јагода Шахпаска, пратеник во Собранието на РСМ од СДСМ во врска со ребалансот на буџетот за 2019 година на Комисијата за финансирање.

Новина оваа година е проектот МојДДВ, со која ги враќаме парите кај граѓаните и мерка за сузбивање на сивата економија.-додаде таа.

Со ребалансот се обезбедени сретства од 400 милиони денари за новите оперативни мерки за нови вработувања.Па така со мерката за субвенциоинирање на задолжително социјално осигурување за платите се дава можност на фирмите  да ги зголемат платите до 100 евра, а истовремено се зголемува приливот на сретства во ПИОМ.-истакна Шахпаска

193 милиони денари се алоцираат во здравството наменети за ретки болести и 660 милиони денари за здравствена заштита и боледување.

Во врска со капиталните инвестиции, оваа година се кратат 13 проценти, а ако споредиме со претходните години и кога се работи за успешни години како што е 2012 година,биле скратени за 21 отсто. А причината заради која се кратат е слабата реализација, бидејќи фирмите кои биле изведувачи банкротирале и постои повлекување на банкарската гаранција, заради отсуство на готови проекти од страна на општините и немање можност да с ереализираат до крајот на годината.-посочи Шахпаска.

Таа зборуваше и за новите 49 илјади вработени, со што невработеноста падна на рекордни 17.5 отсто. Како и растот на просечната нето плата во првиот квартал оваа година е повисока за 3.5 отсто, од ланската истиот период.