Шахпаска: Предлог буџетот за 2020 година е насочен кон вложувања во човечкиот капитал, докторите со 25 % повисоки плати

0
880

Со предлог буџетот за 2020 година се дава силна поддршка за отворање на нови работни места и покачување на платите.

Вложувањата во човечкиот капитал се она на кое што посебно се става акцент со новиот предлог буџет  за 2020 година, па во таа насока се и покачувањата на платите во здравството односно здравствените работници, истакна пратеничката Јагода Шахпаска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Таа посочи дека изборното ветување од 2016 година, со програмата „План за живот во Македонија“ постепено се реализира.

Со цел задржување на докторите, специјалистите во својата држава, со новиот  предлог буџетот, се предвидува  покачување од 25 отсто на нивните месечни примања во месец  февруари 2020 година.

Заедно со  претходните зголемувања на платите на докторите и тоа од 2018 година за 5% и јануари 2019 година за 10 отсто ,вклучително  со овие 25% ,претставува вкупно зголемување на платите на докторите за 40 отсто само за две и пол години, истакна Шахпаска.

Шахпаска додаде дека истовремено се зголемиле  и износот  на дежурствата, па согласно тоа дежурствата на лекарите се движат од околу 3000 денари  па до 8000 на терцијално ниво.

Покрај ова, имаме и зголемување на капитационите бодови и кај стоматолозите и кај матичните доктори и тоа околу 15 отсто.

Таа посочи дека со предлог буџетот за 2020 година планирани се покачувања на платите и во секторот на детска заштита, откако претходно над 3.000 вработени во градинките добија повисока  плата во просек за 3.000 денари.

Покрај платите со новиот предлог буџет предвидено е и проширување на капацитетите на градинките, со цел зголемување на опфатат на деца во претшколска возраст согласно европските стандарди и исполнување на планот до крајот на мандатот бидат опфатени  35.000 деца во претшколските установи, односно градинките, посочи Шахпаска на денешната комисија образложувајќи ги средтствата планирани во новиот предлог буџет за 2020 година.