Шахпаска: Го реформиравме системот за социјална заштита, опфатот за детски и образовен додаток го зголемивме за 20 пати

0
999

Изјава за медиуми

Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ

Скопје, 06.06.2019

Почитувани,

Во изминатите две години се посветивме на реализација на низа мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Градиме фер и праведно општество со еднакви шанси за сите.

Уште на почетокот на мандатот ја зголемивме минималната плата  на 12.000 денари. Само со оваа мерка над 90 илјади работници добиваат поголеми плати.

Ги вклучивме и работниците во кожарската, текстилната и чевларската индустрија и сега и овие работници добиваат иста минимална плата како и вработените во другите сектори.

Со законското усогласување, минималаната плата се покачи и изнесува 12.507 денари, а отворен е процес за дополнително зголемување на 13.000 денари во следниот период.

Jа исправивме неправдата кон стечајните работници. Над 10.000 стечајни работници сега добиваат месечен надоместок од над 7.500 денари.

Со социјалната реформа, целосно го преобразуваме системот на социјална заштита со цел трајно извлекување од сиромаштија.

Социјална помош ја зголемивме за 300 отсто.

Со мерките од социјалната реформа наместо досегашниот опфат од 3.200 деца, детскиот додаток ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образованиот додаток отсега ќе имаат 64.136 деца.

Воведовме и семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош.

Ова се само дел од мерките коишто за 2 години ги реализираше Владата и мнозинството предводено од СДСМ, кои носат повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

Продолжуваме одговорно со работата, во интерес на сите граѓани.