Шармот на преговарачката импотенција

0
1235

Преговорите, колку и да се претставуваат како балансирани, неутрални, колку и да инсистираат на приматот на државните а не на партиските интереси, со нив не може да се перпетуира сегашното статус кво, бидејќи не навестуваат екстракција на трулото ткиво, туку директна надградба врз дијагностицираниот трулеж. Тој зафат може да биде исклучително опасен, бидејќи нема да ја реши, туку ќе ја продлабочи кризата.

Katerina-Blazevska-kolumna

Затоа, најдобро е, не СДСМ да се откаже од преговорите, туку, пред се, ЕУ да го стори тоа во делот на своето медијаторство. Да ги утврди евидентните пропусти, да ги редефинира позициите врз кои ги започна преговорите и да ги стави во контекст на решавање не само на акутните, туку, пред се, на хроничните проблеми.

Со преговорите за суштинските проблеми мора да се развијат стратегии кои ќе овозможат дејството од затворениот преговарачки круг и де факто да се пресели и да се операционализира во сите сфери и да комуницира со еден аудиториум многу поширок од онаа „четворка плус два“ или „плус три“.

Ресетирањето на преговорите, не значи дека се намалува значењето на процесот, туку дека се зголемуваат ефектите што треба да се произведат, дека се избегува комодификацијата на манирите на централизираните политики, на формалните промоции на акциски планови, на иновирани реформи на хартија и на создавањето привид на дијалог, а во кој и натаму комуницираат две поларизирани структури со политика на „лајк и дислајк“.

Ако не се направи прекин на оваа неквалитетна преговарачка претстава, пазарна и политичка вредност ќе добијат сите антиподи на европските вредности, по што ќе биде навистина сизифовска работа земјата да се врати на некоја почетна нулта точка.

Притоа, културата на заборав не сме да биде посилна од културата на критичко сеќавање. Претпоставувам дека би било непристојно ЕУ да бара да заборавиме како завршија препораките од договорот постигнат со европски фасилитирани преговори по „црниот понеделник“ и да укажеме дека е на повидок докапитализирање на неучинокот за нив.

Од тоа статус кво не смее да профитираат оние кои својот политички капитал го стекнаа токму со таложење и нерешавање на проблемите кои сега се во фокусот на преговорите, бидејќи тоа би било иронично ехо на нивниот политички минат труд.

Се надевам, дека тоа не е целта на ЕУ, и покрај тоа што во нејзиното медијаторство има евидентен замор, одредена доза на рутинираност и безидејност. Она што Брисел не смее да го дозволи е во преговорите да се инвестира исклучитено висока цена, а на крајот да не се произведе ништо општествено релевантно.

Во спротивно, преговорите ќе бидат самоосудени да завршат како лоша театарска претстава, трага за напорот во некое персонално си-ви, но не и доказ за успех во една заедница или земја. Во ситуација кога има висок степен на преговарачки вештини, а има кусок модалитети за решавање на вистинските проблеми, преговорите стануваат баласт.

Целата колумна на Катерина Блажевска прочитајте ја ОВДЕ