Шарена Револуција во Кр.Паланка – ноќеска обоени општинската зграда и ЈП Комуналец

0
1160

Вирусот на Шарената Револуција се шири насекаде.

По масовните протести кои се одржуваат во Крива Паланка, ноќеска е организирана и герила акција чие шаренило ги зафати општинската зграда и дирекцијата на ЈП Комуналец.

Граѓаните се охрабрени како никогаш досега. Знаат дека режимот ги брои последните месеци од неговото демонтирање.

Од друга страна пак демотивираното членство на ДПМНЕ ниту има желба ниту енергија да се спротистави на моќната Шарена Револуција.

13275074_858935510900889_621352079_o

Во Крива Паланка по двата неуспешни обиди за контра протест, покрај заканите и притисоците имаше рекордно слаба излезност. Токму од тие причини, за денес сеуште нема закажано контра протест.

И нив им е јасна состојбата.

Но дознаваме дека утрово, на многу вмровски функционери не им било сеедно кога ги здогледале овие фотографии. Нервозата била евидентна.

Тоа е нормално, тие не се научени некој да им покажува “заби”, туку напротив да им се плаши и слугува.

Затоа очекуваме денес градоначалникот да издаде наредби кај уредниците на неговата телевизија да пробаат да спинуваат дека ете се правела штета, ништо чудно и самиот тој преку истата телевизија да излезе и на злобен начин,  во негов стил да дели навреди и посочува виновници.

Но народот и граѓаните наскоро ќе дознаат за тоа колкава вистинска штета во илјадници евра има направено несовесното работење со општината.

П.С  Знаејки дека на градоначалникот му требаше скоро половина година да ги смени неколкуте плочки кои беа одлепени од пред влезот на општинската зграда, може да претпоставиме колку време ќе му треба да ги исчиси боите од Шарената Револуција.