Шарената Револуција против режимот се шири и кај дијаспората во Канада, се дига гласот против диктатурата во Македонија

0
1068

ЗА СЛОБОДНИ, ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

Ние, Македонци од Канада, на 02.05.2016 г. (понеделник), во 18:00 часот, пред Конзулатот на Република Македонија во Торонто ќе одржиме мирен протестен собир под мотото „ЗА СЛОБОДНИ, ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ“.

Од протестот ќе бидат испратени следниве барања:

1) Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;

2) Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е (или ќе биде) покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);

3) Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;

4) Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе организира и распише слободни, фер и демократски избори.

#Протестирам