ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ГО ТРЕСЕ ДО ТЕМЕЛ РЕЖИМОТ, ГРУЈО Е УСРАН ДО ДАСКА: Вработена во АРМ доби прекоманда од Скопје во Кичево поради учество на протести?!

0
1046

Вработена во Армијата поради учеството во протестите на „Шарена Револуција“ била прераспределена на друга работна позиција, во друг град, односно од Скопје во Кичево.

89540449343

Сериозно не сакам да го слушам она:,,сите се исти,, или ,,кој и да дојде исто ќе биде,,.Не е исто и нема да биде исто.

Јас бев вработена во време на СДСМ ,без мито без корупција,без партија луѓето ме вработија како процент -Бошњак и жена имаше место за влез во Армија. Од 2003г. ,,лајам,, по сите гарнитури , за Бранко зборев и викав дека е алкохоличар и наркоман – никад никој не ми се јавил да ме опомене дека ќе ме отпушти,прекомандува или да припазам што зборам и кого напаѓам ( посебно што во нивно време бев вработена).Никогаш никој не ми се јавил од нивниот штаб да одработувам за партија пошто тогаш сум се вработила.

Исто беше и со Љубчо , зборев дека е шизофреничар ,нездрав-никад никој не ме опоменил, ниту прекомандувал.

Вчера, добив таква прекоманда ,таква хајка била во Министерство за одбрана вклучени високи воени и цивилни структури се бавеле со мене -референт воедно и ракувач во МО ( најниска позиција) како да ја примам наредбата пред Велигден у 16ч. за да побрзо поминат 8 дена за жалба и во среда да се јавам на работа во Кичево. Повторувам ВИСОКИ СТРУКТУРИ се бавеле со мене , зошто протестирам.Одлучиле мене од Скопје даме стават во Кичево зошто таму имало потреба од мене.Мене која имам убаво CV како социјален работник-психотерапевт да работам во кујна односно магацин за храна.

На времето водев истражувања и имав идеи како да им се помогне на семејствата на мировниците кои идат во мисии, но НЕ тоа не го сакаа зошто не сум од ,,нивните,,.Системот одлучи да бројам лажици у магацин.

Затоа не се сите исти.ВМРО односно Груевски,Хорхе,Началник се најголемо зло за човештвото. Се бават со ситна боранија -референти за да заплашуваат народ. Тоа во ниедно време во овие 12 год. колку што работам во МИнистерство никој не го правел.

‪#‎НикадВишеВМРО‬
‪#‎НемаПравдаНемаМир‬
‪#‎Протестирам‬