ЧОВЕКОВ ОБОЖАВА АМНЕСТИЈА: Иванов вчера го потпишал Законот за амнестија, веднаш е објавен во Службен весник

0
1023

Претседателот Ѓорге Иванов го потпишал Законот за амнестија за „27 април“ и тој веќе од вчера е објавен во Службениот весник.

Од денеска тече рокот од пет дена за обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, во кој тие може да поднесуваат барање за амнестија.

Во предметот, обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Според овој Закон секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија. Последниот збор ќе го дадат судијката и обвинителката во овој предмет, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска.

Обвинетите Јане Ченто и Игор Југ вчера пред судот рекоа дека нема да побараат амнестија, зашто не сакаат да им судат политичките елити, туку судот.