Често пати го слушаме терминот Хунта, од оние кои само една година се опозиција, a на суд идат ко мадони облечени ко манекени, со новинарска пратња и окез широк до 36 ти заб, без мува да ги полази за се што правеле пред само 2 години и без да осетат ниту мал дел од она што тие го правеле!

0
2589
Често пати го слушаме терминот Хунта, од оние кои само една година се опозиција!
А на суд идат ко мадони облечени ко манекени, со новинарска пратња и окез широк до 36 ти заб, без мува да ги полази за се што правеле пред само 2 години и без да осетат ниту мал дел од она што тие го правеле.
Под Хунта подразбирам да држиш луѓе со години во притвор и за најбанални дела, без да им обезбедиш судење, туку со притворот да ги казнуваш, физички и психички да ги истоштуваш, да правиш спектакли од апсењата, да ги вадиш луѓето со црни вреќи на глава, да затвараш за пишан збор, за обезбедување мнозинство у совет.
Под Хунта подразбирам да нарачаш Листерија, Канцерогено брашно на опоненти што не сакаат да донираат на твојата партија. Под хунта подразбирам да вадиш контра-протестанти да тепаат студенти во сред Скопје, без полиција да апси и без суд да суди. Под Хунта подразбирам бремена жена да ја стрпаш у затвор и таму да ја држиш со години, да роди мртво бебе за на крај да биде пуштена ни крива ни виновна.
Под Хунта подразбирам да дигнеш палата за партија, да станеш најбогата партија во најсиромашната држава во Европа. Под Хунта подразбирам да апсиш за 100 000 евра за камлања а никој да не те дира за 4 милиона евра за иста таква кампања.
Подли кукавици, бедни човечиња. Вие Хунта не добивте но и ние не добивме правда да си го добиете она што ви следи по закон. Само толку. Крива е сегашната власт која дозволи лицата од мрачното минато да се курчат пред камери и да продаваат очај и страдање. За се е крива оваа килава власт која на џелатите им дозволи да глумат жртви.
Да одат на суд и да си одат дома, без да осетат што е лисица на рака, колку тежел нивниот стап по грбот на слабиот, како е да си одвоен од најблиските. Јебала ве Хунта, вас мизерните суштества кои 11 години не изустивте збор за кршењето на човековите права а сега везете реферати, се избезумивте после година – две без власт.
Јебал ве и пад на режимот со 80% не сменети структури во институциите од тој режим. Јебал ве и бројчаник за вратени милиони, и хаштагот ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ.
Ги фрливте во оган оние кои што се бореа тие чудовишта да паднат, а истите тие денес да го темпираат темпото и правилата на игра. Или се беше битно додека шарените флуиди не се укотват во пратеничките столчиња.
Сега ослепеа? Оглувеа? Не го гледаат циркузот и пародијата што им се одвива пред нив? Ако нема казни, закон и чекан во суд за монструмите, ќе нема држава. Е тогаш ќе го играме Тешкото, но со некој друг тип на правда! Улична правда.
Приказни од Булеварот