Честитка од претседателот Заев до новиот претседател на ЛДП Горан Милевски

0
1185

zoki-zaev

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до новоизбраниот претседател на Либерално демократската партија, Горан Милевски.

„Ви го честитам изборот за претседател на Либерално демократската партија, во мое име и во име на Социјалдемокарскиот сојуз.

Пожелувам да ја водите партијата мудро и во насока на обединување, како единствен начин за успешни политики, коишто во овие тешки моменти за Република Македонија им се и повеќе од неопходни на граѓаните на нашата земја.

Либерално демократската партија има значајна улога за враќањето на слободата и демократијата во Македонија и искрено посакувам партијата да продолжи успешно да одговара на овие сериозни предизвици“.