Честитика од Зоран Заев за празникот Свети Сава

0
988

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им го честита денешниот празник Свети Сава на припадници на српската заедница во Македонија и на сите граѓани кои го празнуваат.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам најискрени честитки за денешниот голем празник Свети Сава на сите вас кои го чествувате и ви пожелувам добро здравје, спокоен и квалитетен живот.
Богатството на традициите и на различностите ја прави Македонија посебна држава којашто има со што да се гордее во светот, бидејки во нашите граници е светот во мало.

Ќе ги чуваме, негуваме и развиваме тие вредности во насока на создавање држава на еднакви, задоволни и среќни граѓани во Македонија.

Нашите заеднички определби за меѓусебно почитување, поддршка, разбирање, во едно општество за сите граѓани на Македонија, дадоа резултат и ние сме веќе на патот на демократските промени што тоа ќе им го овозможат на сите граѓани на Република Македонија.

Имајте убав празничен ден“.