Чавков невешто лаже

0
943

aco-kabranov1

Ете, нова димензија во криминалот – дипломатски пасош за ЕКСПЕРТОТ Мијалков, се разбира, изрежиран и искреиран на Илинденска број 2.

Министерот во заминување Чавков, доби задача да ја покрие злоупотребата, оти деновите му се избројани, и се разбира, да го амнестира, највиновниот во овој најнов скандал на власта, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Чавков вината ја натовари таму на некој службеник во министерството што тој го води, тој се обратил до МНР и побарал експертски пасош за екс разузнавачот на УБК. И оти е невешт, туц, муц, истресе, демек побарале за раководно лице (Мијалков после кумановскиот случај е бивш) а и тој не знаел.

Какво потценување на јавноста, не знаел за пасошот ама откри дека и Мијалков, како Јанакиески и Јанкулоска, решил да зема плата од државниот буџет, апанажа која за воља на вистината е законска, една година по оставката. Етика тука НЕМА.

Но не е баш така, најодговорен во скандалот сепак е шефот на дипломатијата. Тој го злоупотребил неговото дискреционо право, напишал дека Мијалков е ЕКСПЕРТ и ставил параф на тоа. Значи, тој треба на јавноста да и каже каков ЕКСПЕРТ е екс разузнавачот, за да добие таков пасош.

Целата колумна ОВДЕ