ЦСЛУ – ПРИЛЕП И ГОДИНАВА ДОМАЌИН НА БРОЈНИ УМЕТНИЧКИ ИМИЊА ОД СВЕТОТ

0
1305

Пред неколку денови, поточно на 02.06.2016 година, отпочна со работа Уметничкото лето во организација на Центарот за современа ликова уметност-Прилеп.

Во наредните дванаесет дена, во работата на ЦСЛУ-Прилеп ќе учествуваат двајца склуптори во Интернационалното студио за пластика во дрво, јубилјено 45- то ред.

На годинешната интернационалната сликарска колонија, 59-та по ред, учество ќе земат и пет сликари од Македонија, меѓу кои и неколку домашни уметници од Прилеп.

Во интернационалното ателје за уметничка фотографија ќе се претстави еден учесник од Прилеп, и еден учесник од Варшава.

nade_1024x683

Горан Ристески – раководитрел на ЦСЛУ-Прилеп

Ова година одлуцивме работата да ја поделиме во два периоди, и тоа, од 02.07.2012 до 12.07.2012 година, и потоа на есен кон крајот на семптеври и почетокот на Октоври. Досега имаме веке потврда од сите поканети учесници за во септември. Учесниците ке бидат од европските земји, а ќе имаме четири сликари, еден учесник во интернационалното студио за меил-арт, и еден учесник во интернационалното студио за илустрација. Делата ке бидат презентирани на две изложби, едната во Прилеп (во ликовната галерија на ЦСЛУ која се наоѓа под гратската библиотека), а втората ке биде во главниот град Скопје. Исто така сакаме да напоменеме дека уште од ова година отпочнавме припреми и подготовки околу организацијата за наредната година, во која ќе одбележиме еден голем јубилеј “60 години од првата интернационална сликарска колонија”, а кој јубилеј без да бидеме ни малку скромни не е воопшто за занемарување, и треба сите во Државата, а посебно во градот Прилеп да бидеме горди на еден ваков јубилеј.

Извор : 10bez10