ЦРНИ ГРУЈЧЕ АМИ СЕГА ШУПРАИМЕ?! ОРБАН НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО УНГАРИЈА ЈА ИЗГУБИ БУДИМПЕШТА СО КАТАСТРОФАЛЕН ПОРАЗ!

0
2490

Партијата на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, „Фидес“ изгуби на локалните избори во Будимпешта, но и во неколку други поголеми градови.

Новиот градоначалник на Будимпешта ќе биде централно-левичарскиот кандидат Гергели Карашоњи, кој победи со нешто повеќе од 50 отсто од гласовите. Карашоњи ја спореди својата победа со онаа на изборите за градоначалник во Истанбул, кога изгуби кандидатот на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Унгарската опозиција извојува значителна победа на локалните избори, што е пресврт на политичката сцена во Унгарија, бидејќи ова е прв пат по десет години Орбан да изгуби на избори.

Според проекциите, опозицијата ќе однесе победа на локалните избори во околу 10 од вкупно 23 поголеми градови во Унгарија.