ЦРНИ ГРУЈО ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛ, НА РОДЕНДЕНОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЗАКАНИ СО ГРАЃАНСКА ВОЈНА : Народот врие, нема да можам да го запрам

0
1231

Претседателот на ВМРО -ДПМНЕ, Никола Груевски на одбележувањето на 26 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото им се обрати и на граѓанските организации кои според него сегоаш биле со СДСМ и никогаш не реагираат на она што грешно го прави оваа партија ниту пак сега кога СЈО ги компромитира членовите на ВМРО- ДПМНЕ и судовите.

– Сега кога СЈО прави притисок на судовите да прифаќа обвиненија, тоа граѓанските организации не ги засега.Сакам да им порачам дека се повеќе ова што нив не ги засега го засега народот и тоа оргомното мнозинство од народот, она мнозинство што не се Соросови платеници таканаречени револуционери, дека се губи трпението кај народот, дека сум под притисок од илјадници барајќи поддршка за народна акција, дека ако вака продолжат, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола, народот врие. И дека во еден момент може да му дојде преку глава и да велеземе во нова фаза од која тешко ќе излеземе- рече Груевски