ЦРВЕН КРСТ ПРИЛЕП И АЛФА АУТО ОРГАНИЗИРААТ ПУНКТ ЗА СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПЈЕ

0
1460

Црвен крст на РМ – општинска организација Прилеп, во соработка со Алфа Ауто, организира пункт за собирање на бебешка храна и пелени, конзервирана храна, флаширана вода и хигиенски средства во просториите на Алфа Ауто на улица Александар Македонски бб. (по стариот пат за Битола) накај салата за свадби и венчавки Романса. Овој пункт ќе биде отворен од 12:00 часот до 16:00 часот.

alfa_auto_i_crven_krst

Овој пунк е дополнителен покрај пунктот за хуманитарна помош на плоштадот Методија Андонов Ченто кој ќе функционира од 10:00 до 18:00 часот.

Извор : 10без10