Црвенковски : Цела опозиција мора да застане во ист фронт

0
1115

Поранешниот Претседател и премиер на Македонија, Бранко Црвенковски, вечерва во Топ Тема на телевизија Телма порача дека единствен начин да се собори владеачкиот режим во државата, кој го оцени како тоталитарен, е преку политиката на отпор, масовни протести и различни форми на граѓанска непослушност.

crvenkovski 33

За неколку месеци ќе се покаже дека е неопходно се што е опозиција да се обедини во ист фронт. Тој фронт, треба да биде мултиетнички. Не е доволна само македонската опозиција туку треба мултиетнички фронт. Ваков режим треба да биде поразен само од народот. Ако тој фронт биде само од една партија, тој фронт нема да успее, вели Црвенковски.

Ова е период во кој бараме решение на политичката криза во Македонија. Таа криза е многу подлабока и многу поширока. Таа е политичка и институционална. Имаме приватизирани институции. На Македонија и е неопходно потребно редизајнирање на целокупниот систем. Тоа ќе биде макотрпна работа. Но прв предуслов за тоа е оваа влада да замине. Овде не говориме за битка меѓу ВМРО-ДПМНе и СДСМ, ако на другата страна не застане се што мрда, се живо во оваа земја, а кое сфаќа дека оваа политика на Груевски треба да продолжи, оцени Црвенковски.