ЦО на СДСМ: Душко Васковски организациски секретар, Дане Талески, секретар за меѓународна соработка

0
1621

Директорот на „Водовод и канализација“, Душко Васковски е новиот организациски секретар на СДСМ. Тој доаѓа на местото на Миле Зечевиќ, додека Дане Талески повторно ќе биде секретар за меѓународна соработка на СДСМ, брифират за ТВ 24 извори од ЦО на СДСМ во Охрид.

Според истите извори, новите потпретседатели најверојатно денеска нема да се бираат, туку само новиот состав за Извршен одбор.

Од состанонокот велат ќе има одлука и за реконструкцијата на Влада, а со оглед на берлинските пораки за датум во октомври – предвремените избори, како што веќе објави ТВ 24, не се опција.