Ципрас и Сириза и официјално го почнаа погребот на Грција: Ги затворија банките и берзата за една недела, настан што ќе и нанесе огромни финансиски штети на грчката економија која и онака е на колена!

0
1435

Screenshot_2

Од 29 јуни до 6 јули банките на територијата на Грција нема да работат, одлучи владата на земјата по седницата на Советот за финансиска стабилност, кој вонредно беше свикан  денес, соопшти ТАСС.

“Ќе го направиме и невозможното, за да нема проблем при создадената ситуација “, изјави за грчките медиуми , министерот за финансии Јанис Варуфакис.Дневният лимит, која ќе може да се повлече од банкоматите во оваа една недела ќе биде разгледан во подоцнежна фаза. Според новинските агенции во понеделникот нема да отвори и Атинската берза.

BN-HN910_merkel_M_20150323130350

Според економските аналитичари ова ќе и нанесе огромна штета на Грција. За една економија да затвориш банки и берза на една недела е како на еден човек да му ги исечеш двете раце и двете нозе, затоа што сите трансакции, плаќања, договори, заеми, враќања кредити, плаќање во кеш, купување по маркети, пазари итн итн сето тоа ќе запре на една недела што ќе ја чини Грција милијарди и милијарди евра штета! Ова дополнително ќе ја замрзне грчката економија која и онака е на колена и изминативе 5 години БДП то на Грција се преполови!

B9qPULDIUAAjFQ8

Ципрас и Меркел играат игра на тоа кој прв ќе трепн во возењето на еден кон друг, но Ципрас се има преценето, тој вози пеглица а Меркел вози тенк од 75 тона!