Централното претседателство на комитетот на ДПМНЕ во Мала Речица претседава во проширен состав

0
1307

Попладнево започна средбата на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица. На средбата се присутни и останати функционери на ДУИ и треба да се одлучува за тоа со кого ДУИ ќе оди во коалиција, односно дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Новинарски екипи се во Мала Речица, но од ДУИ не кажуваат дали ќе дадат изјава или ќе има соопштение по завршување на средбата.

Вчера претседателот на ДУИ, Али Ахмети, имаше состаноци со потпретседателите на партијата и според неофицијални информации, тие биле против коалиција со Груевски.