Центар: Курир објавува невистини и застарени информации

0
992

„По којзнае кој пат, куририте со своите неосновани напади на градоначалникот Жерновски сакаат да ја манипулираат јавноста. Имено, Курир објавува невистини дека наводно градоначалникот намерно не го потпишува предметот за изградба на училишна сала во  ОУ „Кирил и Методиј“. Документот е потпишан од страна на градоначаликот и нема никакви пречки за изградба на училишната сала.

Опструкции за реализација на проекти корисни за децата се одлика на партијата која стои зад овој портал. Очигледно, потиштени од тоа што министерот Старески повеќе од месец дена намерно ја блокираше изградбата на новото училиште во Капиштец, на низок начин се обидуваат да ја обвинат општина Центар за користење на исти методи за политичка пресметка.

Ова нема да помине. Граѓаните знаат, дека општината секогаш работела и ќе работи во интерес на граѓаните, а политички пресметки на грбот на децата им ги оставме на ВМРО ДПМНЕ и нивните медиумски курири“, се вели во реакцијата на Општина Центар.