Центарот за комуникации на Комитетот за заштита на правата официјално започна граѓанска акција за заштита на правата

0
945

Ја информираме јавноста дека официјално започна граѓанската акција со име АЈДЕ ДА СПАСИМЕ СУДБИНИ, која што ќе биде спроведена од Здружението ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје и Комитетот за заштина на правата. Акцијата е финансирана преку програмата Цивика Мобилитас, проект кој што е финансиран од Швајцарија.ce0cf3553625a0e1791b8ae8cfd78d27_L

Во рамките на оваа акција во канцелариите на Комитетот ќе се врши прием на семејствата на притворените лица, ќе се прибира документација поврзана со притворот. За анализа на документацијата и фактичката документација ќе биде формиран Стручен експертски совет кој што ќе даде свое стручно мислење за оправданоста на притворот. За предметите каде што очигледно е непотребен притворот, во координација со адвокатите и семејствата, во еден ден, во исти момент ќе бидат поднесени барања за замена на мерката со друга алтернативна мерка, во случаите каде што притворот е веќе непотребен. Јавно ги повикуваме семејствата на притворените лица, за кои што ценат дека притворот е излишен и целосно бесмислен да се обратат на телефонот 072 / 545 – 210 или во канцелариите на Комитетот на Ул. Битпазарска бр 60 на втори кат. Од страна на Стручниот експертски совет ќе бидат разгледани сите случаи, а за оние што ќе биде проценето дека притворот е непотребен, Комитетот ќе се заложи јавно за промена на мерката.

Со почит,

Центар за комуникации на Комитетот за заштита на правата