Цели семејства почнаа да ја напуштаат Крива Паланка

0
1242

Ако до пред одредено време од секое трето семејство имаше по еден член кој е заминат на печалба во странство, денес сме сведоци како цели семејства ја напуштаат Крива Паланка во потрагата по подобар живот.

12003398_740687069392401_7839670213333027102_n

 

Немањето перспектива, партизираните институции и лагите на власта се основните причини зошто ни се празни општината. Опозиционери, неопределени но и активисти на владејачката партија од самото нејзино основање, на сите до еден им пука филмот и бегаат од тука. Не се живее од празни и лажни ветувања. 9 години е предолг период од животот на еден човек за да стои во место и чека едно вработување за бедни 150 евра. Свестете се луѓе, никогаш не било толку лошо како што е сега.

12049533_740687216059053_1510676565737275445_n

 

Живот ли е да те влечат по автобуси на митинзи, да те водат на разно-разни списоци, да те дерат со казни и инспекции и условуваат со толку и толку донесени гласови? Затоа луѓето бегаат, епа ќе ни бегаат, се додека глумиме дека знаењето е села, знаењето е моќ а во пракса партиската книшка е најсветиот документ за барање на работа.

11221285_740687332725708_5163659604239820590_n

 

И така додека едни овде аздисаа од пари, други се приморани да се поздрават со своите стари родители и со карти во еден правец ја бараат шансата за подобар живот за себе и своите малолетни деца далеку од овде каде нема да ги прашуваат од која партија се и колку гласови може да донесат.